Top Sport

„Каубоите“ на Лино ја покажаа моќта против Шпанија, Русија пропушти победа над Французите!

Хрватска го освои првото место во нашата група Б на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска, откако во последното дерби со 23:19 ја победи Шпанија за да го заддржи стоотстотниот учинок на Мундијалот и да најави борба за медалите.

Сега, за пласман во полуфинале, „каубоите“ на Лино Червар влегуваат како први фаворити во втората фаза, каде што ќе се сретнат со репрезентациите од групата А – Франција, Германија и Бразил. Французите беа на раб од изненадувачки пораз од Русија, откако имаа два негатива, пред повторно да направат пресврт во финишот за 23:22 победа над Русија.

Златко Хорват го имаше мечот на својата кариера во националниот дрес со осум постигнати голови, Муса додаде шест, додека кај Шпанците, Феран Соле беше најефикасен со шест гола.

Нордиското дерби меѓу Данска и Норвешка им припадна на домаќините кои со 30:26 победата обезбедија максимални поени во втората рунда, каде што на двете репрезентации и на Тунис ќе им се приклучат и Шведска, Унгарија и Египет.

ВТОРА ФАЗА: ГРУПА 1

1.Хрватска 4, 2.Франција 3, 3.Шпанија 2, 4.Германија 2, 5.Исланд 0, 6.Бразил 0

ВТОРА ФАЗА, ГРУПА 2

1.Данска 4, 2.Шведска 4, 3.Норвешка 2, 3.Унгарија 1, 4.Египет 1, 5.Тунис 0

СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 5.КОЛО

ГРУПА А

Бразил – Кореја 35:26 (18:10)

Германија – Србија 31:23 (16:12)

Франција – Русија 23:22 (12:12)

Табела: 1.Франција 9, 2.Германија 8 3.Бразил 6, 4.Русија 4, 5.Србија 3, 6.Кореја 0

ГРУПА Б

Бахреин – Јапонија 23:22 (10:9)

МАКЕДОНИЈА – Исланд 22:24 (13:11)

Шпанија – Хрватска 19:23 (10:13)

Табела:  1.Хрватска 10, 2.Шпанија 8, 3.Исланд 6, 4.Македонија 4, 5.Бахреин 2, 6.Јапонија 0

ГРУПА Ц

Чиле – Саудиска Арабија 32:27 (21:13)

Австрија – Тунис 27:32 (14:18)

Данска – Норвешка 30:26 (17:14)

Табела: 1.Данска 10, 2.Норвешка 8, 3.Тунис 6, 4.Чиле 4, 5.Австрија 2, 6.Саудиска Арабија 0

ГРУПА Д

Египет – Ангола 33:28 (19:12)

Катар – Аргентина 26:25 (16:13)

Шведска – Унгарија 33:30 (16:15)

Табела: 1.Шведска 10, 2.Унгарија 6, 3.Египет 5, 4.Катар 4, 5.Аргентина 3, 6.Ангола 2

Scroll to Top