Top Sport

Кил му „врати“ на Порто со победа со гол во последна секунда! (видео)

Само три дена откако во најголемото изненадување во ЕХФ Лигата на шампионите оваа сезона загубија дома од Порто, лидерите во групата Б (каде што е и Вардар), Кил стигнаа до драматичан победа од 30:29 на гостувањето кај португалскиот клуб со гол во последната секунда од мечот.

Во неделата, Порто стигна до сензационална победа во Германија со гол во последната секунда, а сега, германскиот гигант му се одмазди на Порто со сличен триумф со голот на Харалд Рајнкинд, за ТХВ да се одвои на врвот на табелата во групата Б со 13 поени, пред Монпелје и Вардар со 9 и Веспрем, Кјелце и Порто со 8 поени, најавувајќи супер-интересен финиш на натпреварувањата по групи.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА Б

Порто – Кил 29:30 (16:14)

Табела: 1.Кил 13, 2.Монпелје 9, 3.Вардар 9, 4.Веспрем 8, 5.Кјелце 8, 6.Порто 8, 7.Мешков 2, 8.Мотор 1

Scroll to Top