Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва во Вараждин, на Европското првенство, во второто коло во Групата-2 ќе се соочи со репрезентацијата на Чешка. Двете селекции во вотрата фаза на првенството стартуваа со пораз, Македонија од Шпанија (20:31), а Чешка од Германија (19:22).
Стариот познаник Чешка и стои на патот на четата на Раул Гонзалес, вечерва во Вараждин. Победа над овој противник ќе ја остави Македонија во игра за пласман во полу-финалето во пресрет на дуелот со Данска.
Двете селекции играат добро на оваа селекции, а заедничко им е тоа што и двете дзабележаа убедливи порази од Шпанија. Чесите уште на стартот д турнирот, во Д-групата тешко страдаа од „црвената-фурија“ (15:32).
„Фокусот е на Чешка, не треба да размислуваме дека потоа ќе имаме уште еден натпревар. Чешка е финале за нас. Ако победиме веројатно ќе игра за петтото место и ќе ги задржиме шансите за полу-финале. Не знаеме дали Кире Лазаров ќе игра. Пред мечот ќе видиме каква ќе биде ситуацијата. Треба да се обидеме и да научиме да играме без него“, рекол во пресрет на мечот селекторот Гонзалес.