Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров кој е член на француски Нант е позитивен на вирусот Ковид 19, пишува француски „20minutes.fr“. Лазаров, според информациите, позитивниот тест го добил на тестирањето за мечот од Лигата на шампиони против словенечки Целје.
Освен Лазаров, позитивен на вирусот е и шпанскиот ракометар во редовите на Нант, Адриа Фигуерас, па поради ваквата ситуација ЕХФ соопшти дека француско-словенечкиот дуел се одложува. Засега не е одреден нареден термин кога ќе се одигра средбата.
❌ La rencontre ??? ?????? – ????? initialement prévue ce mercredi 18 Novembre à 20h45 est officiellement reportée à une date ultérieure par l'@ehfcl.
? https://t.co/Ppv2Vu4WvG pic.twitter.com/MVUsdnokN6
— HBCNantes (@HBCNantes) November 17, 2020
Лазаров, според информациите, немал никакви симптоми, дома е во изолација и ќе биде под комплетен лекарски надзор.