Top Sport

Кире Лазаров: Имаме топ селектор и подобар тим од оној во 2009

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, на неколку дена пред почетокот на Европското првенство во Хрватска, во интервју за ЕХФ, говори за амбициите на националниот тим на континеталниот шампионат.

„Тимот е одличен микс на млади и искусни играчи, кои ги води топ тренер Раул Гонзалес. Со нетрпение чекам да започне ЕП. Се надевам дека ќе имаме голема поддршка во Загреб, како што се надевам дека Хрватска повотрно ќе биде одлична за нас, бидејќи според мене имаме далеку подобра и поискусна екипа од 2009 година“, рекол Лазаров.

Еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометот потенцира и што за него значи играњето во националниот тим.

„Многу сакам да играм за мојата земја и да бидам дел од овој тим. Максимално сум мотивиран и секогаш сонувам да ги достигнам целите што се уште не сум ги остварил“, истакнал Лазаров .

Според него групата во која се наоѓа Македонија, со три балкански селекции и атуелниот првак Германија ќе биде интересна и возбудлива. Фаворит не само во групата туку и на првенството е Германија.

Интервјуто на Лазаров можете да го прочитате на следниот линк.

Scroll to Top