Top Sport

Дакар: Етапни победи за Деспре и Бареда

Сирил Деспре кај автомобилистите и Жоан Бареда кај мотоциклистите забележаа победи на втората етапа на најтешкото светско рели, Дакар.

Депре, кој во кариерата пет пати победил на ова рели во конкуренција на мотоцикли, до победата на специјалот околу Писко долг 267 километри дојде со време 2:56.51 часа. Депре пред три години започна да се натпреварува во оваа конкуренција, а минатата година го освои третото место во вкупниот пласман, во целта за 48 секунди беше побрз од колегата од „Пежо“, Стефан Петерхансел кој ја брани титулата.

Победникот на првата етапа Насер Ал-Ати (Тојота), втората етапа ја заврши на осмото место.

Поради тоа Петерхансел ја презеде лидерската позиција во генералниот пласман со 14 секунди подобро време од Депре.

Кај моторите втората етапа му припадна на возачот на Хонда Жоан Бареда кој имаше време 2:47.57 часа. Втрото место го освои Адријен ван Беверен на Јамаха, кој задоцни за 2 минути и 54 секунди, а третото место му припадна на Маријас Валкнер на КТМ.

Шпанецот води и во генералниот пласман, неговата предност во однос на Ван Беверен изнесува минута и 34 секунди.

Во понеделник на релито Дакар ќе се вози етапата од Писко до Сан Хуан де Марконе која е долга 502 километри, а специјалот ќе биде долг 295 километри.

Scroll to Top