Селекторот и капитен на машката ракометна репрезентација на Македонија – Кире Лазаров и во сезоната 2021/2022 ќе биде дел од францускиот ракометен клуб Нант, изјави тој за клупскиот сајт.
Лазаров најави дека оваа сезона ќе биде последната во неговата богата ракометна кариера, како играч.
„Дефинитивно ова ќе биде мојата последна сезона како играч, одлуката веќе е донесена. Кога ќе преброите, поминаа многу години. Но, најважно е да се чувствувате добро, вашето тело да биде добро и да не чувствувате болки.
Отсекогаш сум се трудел да бидам што попрофесионален. Секогаш се чувствувам во добра форма, го сакам спортот, го сакам ракометот и сакам да завршам без тешкотии“ – вели Кире Лазаров.
Македонецот е актуелен рекордер по бројот на постигнати голови во Лигата на шампионите, но има и најмногу одиграни натпревари во ракометната елита на ЕХФ.