Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, во пресрет на вечерашниот натпревар против Данска, реши да направи една измена во составот.
Капитенот Кирил Лазаров, нема да биде во составот, а прв пат на првенството место во тимот доби левото крило Гоце Ојлески.
Лазаров се повреди, во неделата, на натпреварот со Шпанија. Капитенот против „Црвената фурија“ одигра само 11 минути поради повредата на „Задната ложа“ на десната нога.
Тој синоќа беше во тимот против Чешка, но во игра влегуваше само за да шутира седмерци.
Откако по поразот од Чешка, нашата репрезентација ќе ги загуби сите шанси за пласман на едно од првите три места во групата, селекорот реши капитенот од трибините да го следи мечот со Данска.
Натпреварот Македонија-Данска, во Вараждин, ќе започне во 18:15 часот.