По три одиграни натпревари на 26.Светско првенство во ракомет, македонската репрезентација има две победи и еден пораз, се наоѓа на третото место на табелата во Б-групата, со добри шанси да продолжи во втората фаза. Индивидуално, тројца наши репрезентативци котираат меѓу најдобрите десет во различни статистички категории.
На големите натпреварувања, меѓу најдобрите стрелци незамисливо е да го нема капитенот на Македонија Кирил Лазаров. Капитенот во првите три натпревари (Јапонија, Бахреин, Хрватска) постигнал 20 гола и на листата на најдобри стрелци го дели третото место заедно со Норвежанецот Магнус Јондал и Шпанецот Соле Сала Феран.
Пред нив се Германецот Уве Генсхајмер (25) и Русинот од Вардар, Туимур Дибиров (23). Во Топ 10 најдобри стрелци се наоѓа и Дејан Манасков. Левото крило на Македонија со 17 гола се наоѓа ан делба на деветтата позиција.
Лазаров е лидер во категоријата каде се бројат головите и асистенциите. Капитенот покрај 20. погодоци има и 17 асистенции.
Голманот Борко Ристовски во првите три натпревари одбранил 37-отсто од ударите кон неговиот гол. Ристовски одбрани 34 од 92.удари на противничките играчи и на оваа листа се наоѓа на десеттото место.
Македонија наредниот меч на СП ќе го одигра утре против Шпанија. Дуелот во Минхен ќе започне во 20:30 часот.