Top Sport

Ќе биде пеколно во Битола: Билетите за дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар распродадени за 17 минути

Битката за шампионската титула во ракометното првенство е закажана за в сабота во Битола, со почеток во 19 часот. Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе имаат жесток дуел, а еуфоријата го достигнува максимумот.

Билетите кои Пелистер денеска ги пушти во продажба, беа распродадени експресно, или поточно за 17. минути. Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последно место.

Scroll to Top