Top Sport

Коронавирусот празни трибини на мечеви од ЛШ и ЕХФ куп

Од Европската ракометна федерација (ЕХФ) преку соопштение известуваат дека дел од мечевите ракометната Лига на шампиони и ЕХФ купот ќе се играат без присуство на публика. Причина е опасноста на ширење на коронавирусот.

„Натпреварите чии домаќини се дански екипи ќе се играат пред празни трибини. Се работи за дуелот од женската Лига на шампиони меѓу Есбјерг и Мец, но и дуелите меѓу Оденсе и Лада односно Хернинг и Глорија во ЕХФ Купот“ – информираат од Федерацијата.

Оттаму посочуваат дека будно се следи состојбата со коронавирусот во Европа.

„Здравјето на тимовите и нивните играчи, на службените лица и навивачите е главен приоритет, затоа ЕХФ останува во близок контакт со релевантните национални и европски власти, како и со нејзините клубови и федерации за координација и за собирање на релевантни информации“ – се вели во соопштението.

Дали коронавирусот ќе земе поголеми размери и дали загрозени ќе бидат и мечевите од машката ЛШ кои ќе започнат наскоро (на распоред се осминафиналните дуели), останува да се види.

Доколку дојде до тоа, тоа би било голем хендикеп за ракометната публика во Европа, меѓу која и онаа во нашата земја. Вардар игра осминафинале против унгарски ПИК Сегед.

Scroll to Top