Top Sport

ПСЖ пак тргна по Милинковиќ-Савиќ, цената му расте

Францускиот фудбалски шампион, ПСЖ ќе се обиде ова лето на „Паркот на принцовите“ да го доведе српскиот фудбалер од средниот ред, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат медиумите во Италија.

Пред две години, „Светците“ беа сериозно заинтереирани за популарниот СМС, па сега ПСЖ повторно тргнува во акција.
Тогаш првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито за српскиот фудбалер бараше 100 милиони евра.

Наводно, ПСЖ овојпат е подготвен да ја плати таа сума. Можеби Лотито сега ќе бара и повеќе за еден од клучните играчи во тимот кој е во трка со Јувентус и Интер за Скудетото во Серија А.

Scroll to Top