Top Sport

Крај на сезоната за Дарко Ѓукиќ

Македонскиот првак Вардар 1961 и репрезентацијата на Србија се соочени со голем хендикеп, бидејќи десното крило Дарко Ѓукиќ заработи повреда која ќе го оддалечи долго време од терените.

Ѓукиќ се повреди изминатиот викенд на натпреварот со Прилеп. Тој со помош на соиграчите го напушти теренот. Откако отокот на коленото се намали, на Ѓукиќ му беа извршени дополнителни прегледи кои ги потврдија црните прогнози.

Тој гго скинал предниот вкрстен лигамент во коленото и го очекува пауза од најмалку осум до девет месеци одмор. Оваа сезона за Ѓукиќ е завршена.

Десното крило поради поредата, во јануари, ќе го пропушти Светското првенство во Полска и Шведска.

Scroll to Top