Поранешниот славен германски ракометар, Штефан Кречмар, преку својот Инстаграм профил си направи идеален тим во последните три децении, како предлог за „Куќата на славните“, и во оваа елитна група го смести и името на најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров.
Според Кречмар, Лазаров е дел од најдобриот тим во деценијата 2010-ти, заедно со францускиот голман Тјери Омејер, Чехот Филип Јиха, Французите Никола Карабатиќ и Лук Абало, како и Шпанецот Агинагалде.
Подолу можете да го погледнете целосниот избор на Германецот.
Фото: ЕПА