Top Sport

Криштопанс: Клубот им должи пари на сите ракометари

Финансиските проблеми што владеат во европскиот ракометен шампион Вардар одамна не се тајна. Во текот на минатата сезона ракометарите речиси и не ги добиваа платите, но и покрај тоа ја освоија Лигата на шампионите.

Токму тој трофеј е наградата за истрајноста и трудот што го вложија ракометарите. Иако имаше, работите не се сменија ниту оваа сезона. Платите во Вардар доцнат. Тоа за медиумот од Латвија „tvnet.lv“ го потврдил и Даинис Криштопанс.

„Финансиските проблеми што започнаа минаата сезона продолжија и оваа. Некои ракометари си заминаа, новата постава не е толку успешна“, изјавил Криштопанс и дополнил.

„Долгот се акумулира. Им се должи на сите ракометари, на некои повеќе на некои помалку. Во принцип долгот е огромен. Проблемите се решаваат но тоа оди бавно. Сѐ во клубот се движи бавно“.

Инаку, Криштопанс ги игра последните месеци во дресот на Вардар, од наредната сезона тој ќе го носи дресот на Пари Сен Жермен.

Scroll to Top