Top Sport

Кристијансанд со прва титула од Лигата на шампионите

Вајперс Кристијансанд се нови европски шампионки во ракомет, откако во неочекуваното финале со 34:28 го совладаа францускиот Брест во големото финале во Будимпешта.

Брест, кои во саботата влегоа во финалето со шокантна победа над пенали над домашните фаворитки Ѓер, немаа сили за уште едно изненадување, губејќи од првата минута до крајот на мечот. Хени Ела Реистад беше прва ѕвезда на норвешкиот клуб со 12 гола, а Јана Кнедликова додаде 6, а кај Брест недоволни беа осумте гола за Ана Грос.

Во мечот за третото место, Ѓер со 32:21 ги растурија ЦСКА Москва во меч кој беше последен за две легенди на унгарскиот клуб, Анита Горбич (која се пензионира) и Едуарда Аморим (која заминува во Ростов), кои освоија пет европски круни со клубот. Ова беше прв меч за трето место во историјата на Ѓер, бидејќи досега кога се пласираа на Фајнал фор турнирите, стигнуваа до титулата.

Scroll to Top