Top Sport

Кузмановски: Мораме да имаме посигурна реализација со играч повеќе

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Португалија со 23:29 во третото коло од квалификациите за пласман на ЕП 2024, а Филип Кузмановски истакна дека подмладениот тим го загубил фокусот во последниот квартал од мечот, кога беа направени неколку индивидуални грешки.

„Лошо го отворивме мечот, не бевме фокусирани на стартот, а потоа паднавме и во последните 15 минути. Треба добро да анализираме некои сегементи и да ги подобриме за реваншот. Мораме да имаме посигурна реализација со играч повеќе. Но, покажавме дека можеме да се бориме со Португалија, па зошто да не дојдеме до победа на гости. Дадовме максимум во дресот на Македонија, како и секогаш“, изјави Кузмановски.

Македонија в недела ќе игра против истиот противник на гостински терен.

Scroll to Top