Top Sport

Лацковиќ објави крај на кариерата

Блаженко Лацковиќ објави крај на кариерата. 40 годишникот беше последниот активен член на славната генерација на Лино Червар која во 2003 година на Хрватска и го донесе светското злато.

„Можеби би можел да играм Втора лига но мислам дека е време за пензија. Ова беше прекрасен период“, рекол Лацковиќ за „Билд“. Левиот бек последните три години во кариерата ги мина во Хамбург екипа со која во сезоната 2012/2013 ја освои Лигата на шампионите.

Лацковиќ во кариерата постигнал 571 гол за репрезентацијата на Хрватска. Во покарака на „Инстаграм“ открил дека ќе остане да работи во германскиот второлигаш Хамбург.

Две години од импресивната кариера, 2014-2016, Лацковиќ мина во Вардар. Левиот бек започнал во Нови Мароф, а потоа играл во Вартекс, Загреб, Метковиќ, Фленсбург, Хамбург, Вардар и Кил.

Покрај светската титула со Хрватска со националниот тим освоил и златен медал од Олимписките игри во 2004 година, а во колекцијата има и по две светски и европски сребра, односно по една бронза од ОИ, СП и ЕП.

Scroll to Top