Top Sport

Навивачи го шамарале тренерот на Партизан, клубот демантира

Тренерот на Партизан Саво Милошевиќ би можел да се пресели во Астон Вила. Оваа информација изминатите денови ја пренесоа неколку српски медиуми. „Билц“ тврди дека позади оваа приказна стои инцидентот што пред неполн месец се случил во ресторано на стадионот на фудбалскиот клуб Партизан.

Според овој извор водачи на навивачите му удриле неколку шамари на тренерот. Биле незадоволни што ден претходно тој не се појавил на закажаната средба со нив.

По повод овие медиумски пишувања се огласи и клубот преку потпретседателот Владимир Вулетиќ.

„Доколку тоа навистина се случило Партизан веднаш ќе реагираше, а верувам дека тоа ќе го направеше и Саво Милошевиќ.

Тренерот на Партизан денес во 13.30 часот закажал прес-конференција по повод продолжувањето на сезоната, на која веројатно ќе мора да одговори и на прашања дали инцидентот се случил или не.

Scroll to Top