Top Sport

Ландин му прати дрес на синот на Паличка, откако тој кажа дека неговиот татко е „само број 2“

Откако Астон Паличка, синот на шведскиот „златен“ голман Андреас Паличка во едно интересно интервју изјави дека неговиот татко е одличен голман, но само втор на светот зад данскиот чувар на мрежата, Никлас Ландин, Данската ракометна репрезентација му подготви посебен подарок – дрес со потпис од данскиот голман.

„Фантастично интервју Астон, на пат до тебе има потпишан дрес од Никлас Ландин. Шведска ракометна федерација ќе помогне со контактот. И секако, честитки за златото“, се вели во објавата на Данската федерација.

Синот на Паличка: Тато е најдобар во светот…втор најдобар. Ландин е малку подобар

 

Scroll to Top