Машката ракометна репрезентација на Маледонија вечерва (20.15 часот) гостува кај Луксембург во претпоследното коло од квалификациите за Европското првенство. Селекторот Кире Лазаров ги избра ракометарите со кои ќе се обиде да избори нов триумф и да потврди пласман на големото натпреварување.
Лазаров го одреди составот за мечот против Луксембург, а во него немаше место за Павле Атанасијевиќ од Пелистер и за Давид Савревски од Алкалоид.
Мечот меѓу Луксембург и Македонија е закажан за вечерва од 20.15 часот.