Top Sport

Лазаров го доби рекордното четврт-финале, Нант го шокираше Веспрем

Нант стигна до голема 32:28 (16:12) победа над Веспрем во првиот меч од четврт-финалето на ЕХФ Лигата на шампионите, што беше рекорден 17. настап на Кирил Лазаров во овој дел од елитното европско клупско натпреварување, во меч кој го заврши со четири гола.

Веспрем се сметаа за големи фаворити во мечот, и почнаа подобро откако водството кое го фатија на почетокот (1:3), го оддржуваа до последните десет минути од полувремето (7:9). Тогаш Лазаров со трите клучни гола помогна Нант да направи пресврт и на полувреме да отиде со четири гола предност (16:12).

Нант продолжија со одличната игра и на стартот на второто полувреме, почнувајќи со 3:0 серија за 19:12 водство, кое не го испуштија до крајот на натпреварот. Валеро Ривера беше најефикасен кај Нант со шест гола, по четири уфрлија Лазаров, Давид Балагер и Рок Овничек, додека кај Веспрем, Гашпер Маргуч имаше 8 гола.

Графика: Sofascore за Тоспорт.мк

Scroll to Top