Top Sport

Лазаров го скрати спискот за дуелите со Португалија

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот за квалификацискиот дво меч со Португалија. За натпреварите со Португалија, Лазаров повика 22. играчи.

Лазаров за овие два натпревари нема да смета на долгогодишните репрезентативци Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

Од друга страна селекторот во националниот тим ги врати играчите на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски и Мартин Велковски.

Лазаров ќе ги собере репрезентативците на 5.март. Првиот дуел со Португалија ќе се одигра на 9.март во Скопје, реваншот е три дена подоцна во Порто.

Фото/ macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top