Top Sport

Лазаров и годинава е меѓу најдобрите во светот

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, во својата богата кариерата додаде уште едно признание. Лазаров е избран меѓу најдобрите десет ракометари во 2018 година. Изборот го направи Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Лазаров, иако има 38 години, зад себе има уште една одлична сезона. Тој успеа со Нант да игра во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Во Келн тој се запиша во историјата, откако стана најдобрите стрелец на завршните турнири во елитното натпреварување.

Меѓу најдобрите десетмина се најдоа и двајца поранешни играчи на Вардар (Арпад Штербик и Алекс Душебајев), како и соиграчот на Лазаров од Нант, голманот Сирил Домулан.

Во Топ десет за 2018 година според ЕХФ уште се и голманот на европскиот првак Монпелје, Венсан Жерар, најкорисниот играч на завршниот турнир Аргентинецот Диего Симонет, потоа ветеранот од Скјер, Норвежанецот Бјарте Мирхол, најдобриот играч на Рајн Некар Левен, Швајцарецот Енди Шмид и француско-норвешката комбинација од Пари Сен Жермен, Недим Ремили и Сандер Сагосен.

Scroll to Top