Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров ја продолжи соработката со скандинавскиот спортски бренд „Хумел“ до 2023 година. Лазаров и „Хумел“ соработуваат од 2008 година.
Специјално дизајнирани патики со името на капитенот на македонската ракометна репрезентација веќе се изработени и на крајот на овој месец ќе почнат да се продаваат низ цела Европа.
Данскиот бренд е тесно поврзан со ракометот и најдобрите светски ракометари веќе децении наназад.
Кирил Лазаров со Нант игра одлична сезона и на крајот од месец мај ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. Противник во „Ланксес арената” во Келн во првото полуфинале ќе им биде првакот на Франција, ПСЖ.
извор: lazarovkiril7.com