Нант го декласираше Монпелје со 34:28 (20:11) во меч од третото коло на Француската суперлига, во дуел во кој македонската ракометна легенда, Кирил Лазаров запиша три гола во преполната „Х арена“ пред речиси 6 илјади гледачи.
Мотивирани од гласната публика, Нант имаа предност од дури 9 гола во првото полувреме, пред гостите малку да се вратат во игра во второто полувреме. Тео Монар и Валеро Ривера ги предводеа Нант со 5 гола, Лазаров запиша 3, додека Емил Нилсен на голот имаше 13 одбрани. Кај Монпелје, Жулиен Бос заврши со шест гола.
? Retour sur le tifo génial des @supportersultrh en avant match.
????#HBCNMHB pic.twitter.com/qgAzk1Taex
— HBCNantes (@HBCNantes) September 26, 2021
? 5902 spectateurs. Guichets fermés. Ambiance de dingue.
Quel kiff' ???#HBCNMHB pic.twitter.com/VRdaCVAs6l
— HBCNantes (@HBCNantes) September 26, 2021