Top Sport

Лазаров и Нант „летаат“ во француската лига – падна евро-шампионот Монпелје

Нант го совлада Монпелје со 31:28 (16:17) во дербито на француската Старлига за да го зачува совршениот старт на сезоната со четири победи во исто толку меча.

Во интересен меч, домаќините ја стекнаа предноста во второто полувреме, откако Монпелје беше подобар противник во првото полувреме (16:17). При 23:21, Вид Кавтичник имаше шанса да ги врати Монпелје во игра, но Сифер беше одличен на голот, по што Лазаров погоди за 24:21, дотогаш најголема предност. Во 51. минута, Нант се одвои на 27:24, по што оваа предност не ја испушти.

Никола Клер имаше 9 голови, Лазаров заврши со седум, а Никола Турна постигна шест гола од шест обиди, а на голот блескаше Арну Сифер со 13 одбрани. За Монпелје најефикасен беше Мелвин Ришардсон со шест гола.

Scroll to Top