Top Sport

Лазаров: Играме убав ракомет, нашата игра има идентитет

Македонската ракометна експедиција утре ќе отпатува во Краков каде ќе учествува на Светското првенство. Македонија во првата фаза ќе игра против Норвешка, Холандија и Аргентина.

„Преку четирите контролни натпревари имавме можност да ја темпираме формата. Треба да ги поддржиме овие момци, имаа напорна година, успеаја да ги минат баражите против Романија и Чешка. Она што го направија досега е охрабрување за предизвиците со кои ќе се соочат на СП. Важно е што нашата игра има идентитет, играме убав ракомет. Е сега, дали тоа ќе биде доволно да се победува или да се губи ќе видиме. Верувам дека сме на вистинскиот пат“, истакна селекторот Кирил Лазаров.

Македонија СП ќе го отвори во петок, против Норвешка. Првите три селекции од групата ќе продолжат во наредната фаза.

Scroll to Top