Македонската ракометна репрезентација, вчера ги доби противниците во групата на 29. Светско првенство. Македонија, во Д групата, ќе игра против Унгарија, Гвинеја и Холандија.
Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска ќе се одржи од 12.јануари до 2.февруари наредната година. Македонија доби група по мерка, а особено задоволство е што натпреварите ќе ги игра во Вараждин.
Првите три селекции од секоја група одат во вториот круг, каде ќе бидат формирани нови четири групи. Во четвртфиналето ќе се пласираат првите две селекции од секоја од тие четири групи. Од четвртфиналето ќе се игра нокаут систем.
„Од прв и втор шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред се со фактот дека ќе играме во Хрватска/Вараждин и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи. Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така. Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за Светското првенство“, ја објави на Фејсбук,изјавата на селекторот Кире Лазаров, Ракоемтната федерација на Македонија.