Top Sport

Лазаров: Многумина ја отпишаа Македонија, ќе им покажам дека погрешија

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња, Кирил Лазаров, во опширно интервју за „Спорт клуб“, говорел за престојниот завршен турнир во Лигата на шампионите, за желбата да го унапреди македонскиот ракомет, за тренерот Талан Душебаев, селекторот на српската репрезентација Тони Џерона, за најдобриот играч и голман во историјата.

Лазаров (41) е најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите, единствен кој успеал да ја мине границата од 1.000 голови во елитното натпреварување, рекодер според бројот на постигнати голови на едно светско првенство.

Кирил Лазаров се уште е активен на ракометниот терен, а од пред неколку месеци работи и како селектор на Македонската репрезентација.

„Се подготвувам за тренерската кариера. Нашата репрезентација се наоѓа во фаза на транзиција, се врши смена на генерациите. Имам многу работа, целта е да се формира нова генерација, која ќе може да ја носи играта во наредните 10-15 години. Предизвик е да направиме производ кој ќе биде препознатлив во Европа и светот. Немаме многу материјал, но веруваме дека можеме и на овој начин, многумина не отпишаа, говореа дека откако ќе се повелече мојата генерација повеќе нема да има ракомет во Македонија. Сакаме на сите да им покажеме дека не беа право. Верувам дека Македонија може да се бори за медали на големите натпреварувања. Сонуваме да играме полу-финале, сонуваме медал. Ќе биде потребно време се да легне на свое место, но доколку не верував немаше да ја прифатам оваа тешка работа, во момент кога сите се откажаа и ги „погребаа“ играчите и репрезентацијата“, рекол Лазаров.

Ракометната легенда смета дека најдобар во играч во историјата е Никола Карабатиќ, а голман без конкуренција, Арпад Штербик.

Лазаров со Нант, викендов ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Во полу-финалето Нант ќе игра против поранешниот клуб на Лазаров Барселона.

„За око, Барселона игра најубав ракомет. Мораме да бидеме внимателни, како ќе застанеме на теренот, индивидуално и колективно. Не смееме да влеземе во нивниот ритам. Доколку успееме да издржиме, да бидеме во егал до 45.минута, ќе имаме шанса да ги победиме. Ако влеземе во финалето верувам дека ќе ја освоиме титулата“.

Комплетното интервју на Лазаров за „Спорт клуб“.

Scroll to Top