Top Sport

Лазаров: Одигравме три лоши натпревари, но не треба да паѓаме со духот

Ракометната репрезентација на Македонија ќе го продолжи натпреварувањето во „Президент куп“ откако не успеа да се избори за пласман во главната фаза на Светското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров го загубија и третиот меч во групата. Аргентина ги совлада со 35:26, а селекторот вели дека тоа не го очекувал.

„Имавме лоши три натпревари. Не знам што се случи, дали е поради притисокот што го чувствуваат играчите, можеби играњето во послаба лига, со оглед дека имаме само двајца кои играат надвор од Македонија. А и тие, Митревски нема сјајна сезона, Кузмановски добива мала минутажа во Германија. Се надевавме дека тоа ќе го покриеме со добра атмосфера, напорна работа и систем, но очигледно дека треба уште многу да работиме. Ова е големо искуство и за мене, сигурно и јас имам погрешено, не сум безгрешен, ивидов како игра екипата и многу сум изненаден. Мора да работиме многу, имавме осум дебитанти, неискусни и неподготвени да носат ваков товар. Сепак, не треба да паѓаме со духот. Македонската „фаланга“ дава голема поддршка со навивањето, но бара и одговорност кога се носи националниот дрес“, изјави селекторот Кирил Лазаров.

Прв противник на Македонија во „Президент куп“ ќе биде Алжир, а селекцијата се сели во Плоцк.

Scroll to Top