Top Sport

Лазаров: Отворам ново поглавје во кариерата

Наjпрвин со писмо им се обрати на навивачите, а потоа во просториите на ракометниот клуб Нант, Кирил Лазаров, на прес конференција го објави крајот на играчката кариера. На прошталната перес конференција присутно беше неговото семејство, братот Филип, луѓето од Нанит и соиграчите.

Еден од најдобрите десни бекови во историјата на ракометот, реши да стави крај на кариерата долга 27 години. Потврди дека ќе продолжи да ја води македонската репрезентација и не ја исклучи можноста во иднина да биде и клупски тренер.

„Една од најдобрите одлуки во мојата кариера е доаѓањето во Нант. Во текот на овие пет години, пораснавме, победувавме големи тимови, игравме ФА турнири, станавме клуб кој е почитуван од сите во Европа. Мојата приказна како играч е при крај. Кога работите со љубов, можете да ги поместите границите. Беше огромно задоволство. Ќе ми недостига и клубот, градот и секако јавноста. Сметајте на мене, секогаш ќе бидам од Нант.

Не е крај, само збогум.

Последна работа момци: Сабота имаме уште еден трофеј за кревање“, рече Лазаров.

Scroll to Top