Кирил Лазаров капитенот на македонската ракометна репрезентација во интервју за хрватскиот портал „24сата“ зборува за почетоците на кариерата, зошто ја носи седумката, времето минато во Загреб, трансферот во Сиудад Реал, Вардар, репрезентацијата на Македонија.
Лазров е еден од најдобрите играчи на сите времиња, прв ја надминал бројката од 1.000 постигнати голови во Лигата на шампионите.
„Најпрвин тренирав кошаркар започнав во петто одделение. Идол ми беше Тони Кукоч, бројот седум го носам поради него. Поради татко ми се префрлив на ракомет. Тој беше врвен играч, на врвот од кариерата играше за Вардар во југословенската лига. Ми беше незгодно, а нему не му беше пријатно тој да е ракометар, а син му да фрла на кош“, вели Лазаров и открива дека никогаш не сакал да го напушти Загреб чии дрес го носел пет години. Во Загреб е родена неговата ќерка Лина.
„Никогаш не сакал да заминам од Загреб. Клубот беше во финансиска криза и решија да ме продадат во Сиудад Реал кај Талант Душебаев. Во Загреб живеев убаво, јас и семејството убаво се чувствувавме, но ја прифатив одлуката на клубот и заминав во Шпанија“.
Лазаров ја коментирал актуелната ситуација во која се наоѓа европскиот првак Вардар.
„Вардар направи многу, дури и повеќе од она што се очекуваше. Најголеми заслуги има Самсонеко, вложи многу и работеше паметно. Доколку се вмеша политиката ќе биде лошо. Но Вардар е институција, се надевам дека ќе биде се во ред. Потребен му е на македонскиот народ и на спортот“.
Комплетното интервју со Лазаров може да го прочитата тука.