Top Sport

Лазовиќ ќе игра за Црна Гора

Поранешната ракометарка на Вардар и репрезентацијата на Словенија Барбара Лазовиќ наскоро ќе го облече дресот на Црна Гора.

Лазовиќ ќе биде големо засилување за Црногорките на позицијата десен бек бидејќи легендарната Катарина Булатовиќ најави крај на кариерата.

Во јуни оваа година ќе се навршат три години од последниот меч што го одиграала Лазовиќ за Словенија. Според правилата на ЕХФ таа од јуни ќе може да настапува за Црна Гора.

Во кариерата Лазовиќ покрај за Вардар и Будуќност настапувала за Брежице, Крим, Зајечар и Букурешт.

Scroll to Top