Top Sport

„Планината“ од „Игра на тронови“ крена 501 килограм за светски рекорд (видео)

Исланѓанецот Хафтор Јулиус Бјорнсон, најпознат по својата улога на „Планината“ во популарната ТВ-серија, „Игра на тронови“ го сруши рекордот на својот ривал Еди Хол со „дедлифт“ кревање на 501 килограм, по што го предизвика Хол на тепачка.

Бјорнсон го сруши рекордот на Хол од 2016 за еден килограм, но додека Британецот се мачеше да го постави овој рекорд (вклучувајќи крварење од носот), Исланѓанецот го направи тоа супер-лесно. Исланѓанецот планираше да го сруши рекордот на натпреварувања, но поради корона вирусот, мораше да го направи тоа во сопствената вежбална.

Тој се загреа со кревање на 420 и 460 килограми, пред да го сруши рекордот и да го предизвика Хол.

„Немам зборови, пресреќен сум. Сè помина според планот и верувам дека можев и повеќе иако немаше причина. Еди Хол е силен на уста последните две недели и сега сум подготвен да го нокаутирам во рингот. Време е. Дали си подготвен, Еди?“, праша Бјорнсон.

Scroll to Top