Top Sport

Лејно: Никој не сака да си замине од Вардар (видео)

Во неделата голем број на ракометарките на Вардар го одиграа својот последен натпревар за овој клуб, вклучувајќи ја голманката Амандин Лејно, која признава дека е тажна што ќе замине од Скопје.

Лејно, со прекар Дуду, веќе пет години беше стандардна на голот на Вардар, и сега заминувањето во европскиот шампион Ѓер ќе падне тешко.

„Тажна сум што клубот ќе престане да постои во овој состав. Да можев, би останала тука и следната сезона. Мислам дека ниедна девојка не сака да си замине од Вардар. Чудно ми е што знам дека следната сезона нема да се вратам во Скопје, што нема да ги видам сите“, вели Лејно во интервју за „Репортер“.

Лејно вели дека за земјава ја врзуваат многу спомени. Дел од нив се врзани за нејзините две деца, синот и ќерката, кои се родени во Скопје.

„Еден ден ќе се вратиме во Македонија. Тие мора да видат каде се родени. Тоа е дел од нивната приказна и дел од мојот живот. Горда сум на тоа што го направивме со ‘Вардар’ и како се боревме. Беше одлично финале, во прашање беше само еден гол. Ако можам да ја заменам наградата за најдобар играч за победата на Вардар во Лигата на шампионите, не би размислувала ни секунда“, додава Лејно.

Scroll to Top