Лино Червар очигледно му е „лут“ на поранешниот ракометар на Металург, Халил Јагањац, откако еден од најталентираните млади ракометари го прати дома пред стартот на втората фаза на СП во Германија и Данска, и на негово место го повика Кристијан Беќири.
Јагањац не беше дел од составот на „каубоите“ ниту во првата фаза и сега Червар одлучи тој да се врати во Хрватска и да се приклучи на подготовките на вице-шампионот на оваа земја Нексе.
Хрватските медиуми шпекулираат дека ваквиот „студен“ однос на Червар кон својот поранешен пулен е поради одлуката на Јагањац кога заминуваше од Металург да потпише за Нексе и покрај понудата на ППД Загреб, каде што Червар беше тренер.