Top Sport

Валверде победува и на 37 години

Алехандро Валверде е победник на Абу Даби Тур велосипедската трка откако победи на последната етапа во неделата, завршувајќи со 17 секунди пред Белгиецот Вилко Келдерман.

37-годишниот ветеран на Мовистар, имаше директен дуел со Мигуел Анхел Лопез (Астана) на искачувањето до Џебел Хафит, откако двајцата се одвоија на четири километри пред крајот. Валверде на крајот беше најдобар, поништувајќи ја предноста која ја имаше Роан Денис, кој не успеа да го издржи темпото.

Scroll to Top