Top Sport

ЛШ: Барса го „растури“ Мешков и ја комплетираше големата четворка

Барселона демонстрираше дека мора да се смета за прв фаворит за титулата во ЕХФ Лигата на шампиони, откако во реваншот го декласираше Мешков Брест со 40:28 и го потврди учеството на Фајнал фор турнирот во Келн на 12 и 13 јуни, покрај Нант, Пари Сен-Жермен и Алборг.

И пред реваншот беше јасно дека Барса, која нема пораз во досегашните натпревари во ЛШ оваа сезона, е патник на Ф4, откако на гости победи со 33:29, за на домашен терен да доминира од почеток до крај против белорускиот претставник. Ова е деветти пласман на каталонскиот гигант на Ф4.

Каспер Мортенсен постигна седум гола за Барса, додека Алеиш Гомез заврши со шест, а кај гостите, Микита Ваилупау повторно беше најдобар играч со седум гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Веспрем – Нант 32:30 (18:15), прв меч 28:32

Барселона – Мешков Брест 40:28 (21:13), прв меч 33:29

ВЧЕРА:

Пари Сен-Жермен – Кил 34:28 (16:15), прв меч 29:31

Флензбург – Алборг 33:29 (14:16), прв меч 21:26

Scroll to Top