Top Sport

ЛШ: Барселона со лесна победа на гости кај Флензбург

Барселона нанижа петта последователна победа во Лигата на шампионите, откако на гостувањето во Флензбург стигна до убедлива 34:27 (18:12) победа за да се зацврсти на првото место во групата А.

Барса од почетокот до крајот на мечот доминираше, и на полувреме отиде со предност од шет гола (18:12), која беше недостижна за бундеслигашот во второто полувреме.

Дика Мем, Арон Палмарсон и Аитор Бенгоечеа постигнаа по пет голови за каталонскиот клуб, додека ист број на голови за Флензбург постигна Михал Јурецки.

Во вториот денешен меч од ЕХФ Лигата на шампиони, Динамо Букурешт остана без пораз во групата Д, откако со 29:20 го декласираше полскиот Висла Плоцк.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Динамо Букурешт – Висла Плоцк 29:20 (13:10)

Флензбург – Барселона 27:34 (12:18)

Scroll to Top