Top Sport

ЛШ: Целје пропушти напад за победа, Флензбург се „извлече“ со гол од пенал

Германскиот ракометен џин Флензбург се „испоти“ за да стигне до 27:26 (16:12) победа над словенечкиот шампион, Целје, кој може да жали што не го искористи падот на играта на противникот.

Флензбург, кој влезе во мечот со Целје по незгодниот пораз на гостувањето кај Мотор Запорожје, кога пропуштија предност на полувремето, имаше +4 на полувреме, но во второто полувреме тимот на Томаж Оцвирк се врати и имаше напад во последната минута за победа.

Сепак, откако голманот Бенјамин Буриќ одбрани, гостите направија фаул за удар од  седум метри, по кој се славеше во „Фленс арената“ откако Хампус Ване беше прецизен.

Флензбург останува на третото место во групата Б со 12 поени, зад Веспрем (17) и недостижните Пари Сен-Жермен (20). Целје се на претпоследното место со 7 поени (3 победи и 1 реми).

Scroll to Top