Top Sport

ЛШ: Еурофарм Работник повторно „падна“ во второ полувреме, нова „катастрофа“ за Загреб

Еурофарм Работник не успеа да стигне до втората последователна победа во ЕХФ Лигата на шампиони, откако во финишот на натпреварот повторно „паднаа“ во форма и им дозволија на Татран Прешов да ја запишат првата победа во групата Ц.

Еурофарм имаше предност и од два гола во првото полувреме и 21:17 на 20 минути пред крајот на мечот, пред гостите да се вратат и да направат пресврт за своја прва победа оваа сезона во ЛШ. Џабе беа осумте голови на Владислав Остроушко кај Еурофарм, додека Оливер Рабек блесна со седум гола за Татран.

Во „елитната“ група А пак, продолжи мизеријата на ППД Загреб и под водство на Веселин Вујовиќ, откако овојпат од Хрватска со победа си замина Пик Сегед (26:21). Прва победа оваа сезона во ЛШ забележа словенечкиот Целје, со убедлива 32:25 победа над Елверум.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Алборг – Флензбург 31:28 (14:16)

Целје – Елверум 32:25 (14:15)

ППД Загреб – Пик Сегед 21:26 (10:15)

Табела: 1.Барселона 8, 2.ПСЖ 8, 3.Алборг 8, 4.Сегед 7, 5.Флензбург 7, 6.Целје 2, 7.Елверум 0, 8.ППД Загреб 0.

ГРУПА Ц

Бидасоа Ирун – Савехоф 39:23 (18:12)

Еурофарм Работник – Татран Прешов 23:24 (14:13)

Рихимаки Кокс – Спортинг Лисабон 25:23 (12:11)

Табела: 1.Бидасоа Ирун 9, 2.Савехоф 8, 3.Спортинг 5, 4.Рихимаки Кокс 4, 5.Еурофарм Р. 2, 5.Татран 2.

ГРУПА Д

ГОГ – Кадетен 35:30 (18:15)

Висла Плоцк – Динамо Букурешт 26:26 (13:12)

Табела: 1.Динамо Б 8, 2.ГОГ 8, 3.Висла 5, 4.Кадетен 4, 5.Кристијанштад 3, 6.Чеховски медведи 2

Фото: ЕХФ

Scroll to Top