Top Sport

ЛШ: Кил лесно со Мешков за да го помине Вардар на првото место

Кил со одлично второ полувреме го совлада белорускиот шампион Мешков Брест со 31:23 (13:12) во меч од групата Б во Лигата на шампионите за да се искачи на првото место на табелата со поен пред Вардар (кој сепак, има натпревар помалку).

Кил имаше водство од 7:5 по 15 минути игра благодарение на одличниот голман Дарио Квенстед, кој имаше седум одбрани во првото полувреме. Во второто полувреме, тренерот на Кил, Филип Јиха се обиде со поофанзивна игра, која се исплатеше и германскиот клуб поведе со 17:13 по осум минути во второто полувреме.

Руне Дамке и Патрик Винцек имаа по пет гола за Кил, додека четири уфрлија Дувњак и Билик. За Мешков, Марко Паниќ имаше пет гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Динамо Букурешт – ГОГ 35:28 (17:12)

Рихимаки Кокс – Татран Прешов 29:27 (15:12)

Кил – Мешков Брест 31:23 (13:12)

Scroll to Top