Top Sport

ЛШ: Металург немаше сили за борба против крај против Бешикташ

Металург го загуби и вториот меч од новата сезона од Лигата на шампионите, откако во Скопје имаше сили за само едно рамноправно полувреме со Бешикташ, губејќи со 22:30 (13:14).

Тимот на Данило Брестовац беше рамноправен противник во полупразната сала „Борис Трајковски“ во првото полувреме, откако се „држеше“ на гол-два разлика за противникот, израмнувајќи на 3:3, 6:6, 11:1, пред турскиот тим да направи предност од еден гол на крајот на првите 30 минути.

Но, второто полувреме не беше сјајно за македонскиот вице-шампион и Бешикташ успеа да се одвои на +5 (19:14) и на +7 (22:18), обезбедувајќи ја победата.

Халил Јагањац повторно беше најдобар стрелец на Металург со седум гола, Токиќ додаде четири, додека за Бешикташ, каде што игра и македонскиот репрезентативец Немања Прибак, Ласица со седум гола беше најдобар стрелец.

Во другите денешни мечеви од ЛШ, ПСЖ на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес, немаше проблеми со словенечкиот клуб Целје стигнувајќи до убедлива 33:21 победа, а сигурен беше и данскиот Скјерн со 37:33 победа над Мотор.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, РАКОМЕТ

Скјерн – Мотор 37:33 (19:14)

Металург – Бешикташ 22:30 (13:14)

Пари Сен-Жермен – Целје 33:21 (17:12)

Scroll to Top