Top Sport

ЛШ: Мотор ја сопре низата на Порто за прва победа по 10 месеци!

Обидот на Порто да направи сензационален пласман во топ 4 во групата Б наиде на пречка во Украина, откако Мотор Запорожје стигна до првата победа во ЛШ по 10 месеци победувајќи со 33:29.

Последната победа на Мотор во ЛШ беше во февруари, по што следуваа 12 меча без победа, но со победата остануваат во игра за пласман понатаму.

Порто ниту еднаш не водеше на гостувањето,откако поради повреди пристигна во Украина со само 11 ракометари.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА Б

Мотор Запорожје – Порто 33:29 (19:16)

Табела: 1.Кил 14, 2.Веспрем 12, 3.Монпејле 11, 4.Кјелце 10, 5.Порто 10, 6.Вардар 9, 7.Мешков 4, 8.Мотор 4

ГРУПА Д

Кристијанштад – Висла Плоцк 24:20 (15:9)

Табела: 1.Динамо Букурешт 15, 2.Висла 11, 3.ГОГ 9, 4.Кристијанштад 9, 5.Кадетен 6, 6.Чеховски медведи 6.

Scroll to Top