Top Sport

ЛШ: ППД Загреб го шокираше Флензбург

Хрватскиот шампион, ППД Загреб во првиот меч од второто коло во новата сезона од Лигата на шампионите направи вистинска сензација победувајќи го германскиот гигант Флензбург со 31:29 на гости.

Во првото полувреме мечот беше израмнет (16:16) и се играше гол-за-гол, пред во второто полувреме, хрватскиот клуб да се зацврсти во одбраната и да направи предност од +6, која подоцна германскиот клуб едноставно не можеше да ја надополни

Давид Мандиќ ги предводеше „плинарите“ со осум голови, а Иван Сршен додаде седум, додека кај домаќините, Ласе Сван беше најдобар стрелец со седум голови.

Тимот на Лино Червар ја започна сезоната во ЛШ со тесен пораз од Пик Сегед (23:24).

Scroll to Top