Top Sport

ЛШ преглед: Монпелје со победа во Полска го помина Вардар

И покрај отсуството на ракометари како Мелвин Ришардсон, Диего Симонет, Јонас Трухановичиус и Жилберто Дуарте, поранешните европски шампиони Монпелје стигнаа до 29:27 победа на гости кај Виве Кјелце, поминувајќи го Вардар на второто место во групата Б во ЕХФ Лигата на шампиони.

Одличната одбрана на Монпелје ја заврши работата, додека во нападот Мохамед Соуси со 6 гола и Килијан Вилјемино со четири гола ја направија предноста, која вториот голман, Кевин Бонефоа успеа да ја заддржи со три одбранети пенали. По победата над Веспрем, Монпелје покажува дека и оваа сезона ќе се бори за висок пласман и настап на Фајнал фор, а ќе имаат шанса да ги докажат амбициите следното коло кога го пречекуваат „крвникот“ на Вардар, Кил.

Во третиот денешен меч од групата Б се сретнаа старите познаници на Вардар од СЕХА лигата, Мешков Брест и Мотор Запорожје. Украинскиот тим имаше предност од три гола на полувреме, но на крајот Мешков ја забележа првата победа во ЛШ оваа сезона (33:31).

Во групата А, Барселона ја забележа третата победа во низа, совладувајќи го норвешкиот Елверум со 33:24, за да се искачат на второто место на табелата. Флензбург останува прв со седум поени, пред Каталонците со шест, колку што имаат и Алборг и Пари Сен-Жермен, кои имаат натпревар помалку.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Барселона – Елверум 33:24 (15:12)

Табела:  1.Флензбург 7, 2.Барселона 6, 3.Алборг 6, 4.ПСЖ 6, 5.Пик Сегед 3, 6.Елверум 0, 7.Целје 0, 8.ППД Загреб 0

ГРУПА Б

Вардар – Кил 20:31 (4:16)

Виве Кјелце – Монпелје 27:29 (12:14)

Мешков Брест – Мотор Запорожје 33:31 (16:19)

Табела: 1.Кил 7, 2.Монпелје 6, 3.Вардар 6, 4.Порто 4, 5.Виве Кјелце 3, 6.Веспрем 2, 7.Мешков Брест 3, 8.Мотор З. 0

ГРУПА Ц

Татран Прешов – Савехоф 23:28 (10:16)

Спортинг Лисабон – Бидасоа Ирун 30:30 (16:17)

Табела: 1.Савехоф 8, 2.Бидасоа Ирун 7, 3.Спортинг Л. 5, 4.Рихимаки Кокс 2, 5.Еурофарм Работник 0, 6.Татран Прешов 0.

ГРУПА Д

Чеховски медведи – Динамо Букурешт 20:30 (10:16)

Табела: 1.Динамо Б 7, 2.ГОГ 4, 3.Висла Плоцк 4, 4.Кадетен 4, 5.Чеховски м. 2, 6.Кристијанштад 1

Scroll to Top