Top Sport

Германија на невозможен начин се пласираше на СП (видео)

Кошаркарската репрезентација на Германија успеа да се пласира на Светското првенство во Кина откако во драматичен меч дури по продолженијата беше подобра од Израел со 112:98.

Германците имаа катастрофален старт на мечот и на полувреме губеа со 19 разлика (35:54), но во вистинска драма успеаја да извлечат продолженија. Израел на само 0.4 секунди пред крајот имаше 90:92 предност и намерно промашија слободно фрлање, по што Клебер постигна кош и примора продолженија, каде што Германците постигнаа неверојатни 20 поени за пет минути. Денис Шредер имаше 30 поени и 13 асистенции, а 24 додаде Робин Бенцинг.

Овој резултат сосема им одговараше на Србите, кои без проблеми со 91:65 ја совладаа Естонија за да се зацврстат на третото место во групата Л, зад Германија и Грција. Немања Бјелица имаше 14 поени, додека 11 уфрли Владимир Лучиќ.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019

ГРУПА К

Русија – Бугарија 77:73 (47:40)

Франција – Финска 83:67 (25:13)

Босна и Херцеговина – Чешка 80:85 (37:38)

ТАБЕЛА: 1.Франција 15, 2.Чешка 15, 3.Русија 12, 4.Финска 12, 5.Бугарија 11, 6.БиХ 10

ГРУПА Л

Грузија – Грција 85:86 (49:38)

Германија – Израел 112:98 по продолжение (35:54, 92:92)

Србија – Естонија 91:65 (45:29)

ТАБЕЛА: 1.Германија 16, 2.Грција 16, 3.Србија 13, 4.Грузија 11, 5.Израел 11, 6.Естонија 10

Scroll to Top