Сè уште актуелниот шампион од ЕХФ Лигата на шампиони, РК Вардар 1961 имаше тежок старт на новата сезона, откако и покрај одличната партија на искусниот Марко Вујин загуби со 24:22 (12:10) од Мешков Брест.
Црвено-црните успеаја да се вратат од два гола негатива по првото полувреме, за во драматичен финиш да имаат предност од гол на четири минути пред крајот, за да примат три гола без одговор и да дозволат домаќините да стигнат до победа.
Вујин со шест гола беше најефикасен кај Вардар, Кристијан Дисингер додаде четири, а Иван Чупиќ три гола, додека за белорускиот клуб, Микита Ваилупау и Марко Паниќ имаа по шест гола.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО
ГРУПА А
Мешков Брест – Вардар 24:22 (12:10)
ГРУПА Б
Целје – Алборг 29:31 (16:15)
Фото: СЕХА Лига