Top Sport

ЛШ: Веспрем со фантастичен камбек до победа над ПСЖ

Во големото дерби во групата Б во ЕХФ Лигата на шампионите, унгарскиот Веспрем се врати од негатива од четири гола на полувреме за да стигне до 34:31 победа над Пари Сен-Жермен, покажувајќи дека и оваа година ќе одат на трофејот кој им недостасува во колекцијата.

По израмнетиот старт, францускиот клуб стигна до 17:13 водство во последните пет минути од полувремето, а предоста ја заддржаа до последните десет минути од мечот. Тогаш на сцена стапија Фати Омар, Петар Ненадиќ и посебно Мате Лекаи за пресврт и за голема победа. Фати Омар заврши со 10 голови, а Мануел Штрлек имаше осум гола за победниците, додека кај ПСЖ Микел Хансен имаше седум гола.

Динамо Букурешт пак, стигна до импресивна 32:29 победа над фаворизираните Кјелце, а и украинскиот Мотор го стартуваше натпреварувањето со два поени по 30:27 победата над Порто. Вечерва Флензбург и Барселона го комплетираат првото коло.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА Б, 1.КОЛО

Динамо Букурешт – Кјелце 32:29 (16:12)

Мотор Запорожје – Порто 30:27 (15:10)

Веспрем – Пари Сен-Жермен 34:31 (13:17)

Флензбург – Барселона 20.45 ч.

Scroll to Top